Вардар отвори одлично, има плус пет на одмор против Војводина

Екипата на Вардар има водство од 15:10 после првите 30 минути против екипата на Војводина откако одигра далеку подобро од својот ривал и си создаде убава предност со која има целосна контрола и на играта и на резултатот на дуелот од СЕХА лигата.

Од почетокот на натпреварот Вардар стави до знаење кој денеска ќе биде поблизу до триумф, па за противникот немаше многу простор за играње. Ракометарите на Војводина долго бараа шанса за да одиграат подобро, но во првите десет минути тешко доаѓаа до простор за шут.

Како што одминуваше времето Вардар зголемуваше водството. Брзо стигна до 6:1 и овие пет гола се одржуваа. Имаше простор да им се даде шанса на повеќемина ракометари во составот така што лесно се чуваше предноста.

Војводина на моменти наоѓаше игра, но не одеше најдобро бидејќи гостинските ракометари тешко се снаоѓаа со одбраната на „црвено-црните“. Оттаму не беше никаков проблем да се зачува водството до крајот на првото полувреме и на пауза да се замине со предност од пет гола, односно 15:10.

Предноста на вардарци ќе биде шанса за да се одработи уште подобро и да се освојат бодовите на овој дуел.