Червар: Којзнае дали Циндриќ ќе беше во Барса да не бев јас

Репрезентацијата на Хрватска имаше слабо издание на Светското превенство во Египет и доживеа рана елиминација уште во главната фаза. Хрватите после 22 години не се во осумте најдобри репрезентации во светот.

Селекторот Лино Червар уште еднаш ги коментираше причините за лошиот реузлтат на Мундијалот. Како една од главните причини тој во изјава за 24sata.hr го посочи Лука Циндриќ и неговата повреда.

„Го почитувам Циндриќ, јас го открив кога никој не го знаеше и го донесов во Металург. Којзнае дали сега ќе беше во Барселона, или ќе останеше во Огулин да не бев јас. Но, кога ми треба, него го нема. Се повреди во 2019 година, истото се случи и лани. Сега повторно и на овој светски шампионат. Секој тренинг го прашував каква му е состојбата, за на крај да ми биде речено дека не може да игра бидејќи повредата е пресериозна“, изјави Червар за 24sata.hr.

Циндриќ недоволно залечен од повредата влезе во игра на првиот натпревар против Јапонија но беше очигледно дека не е потполно подготвен за настап и потоа го напушти првенството.