Машката репрезентација на Македонија по настапот на Мундијалот во Египет, ќе се врати во акција за квалификациите за ЕП 2022 година.
Ракометната федерација на Финска го одреди градот домаќин во кој ќе ја пречека нашата селекција, а тоа ќе биде Рихимаки – град од кој е клубот Кокс.
Натпреварот меѓу Финска и Македонија ќе се игра на 28 април со почеток во 18:00 часот.
Македонските репрезентативци предводени од нов селектор ќе ги одиграат двата дуели со Данска, на 10 март од 20 часот во Скопје, додека на 14 март ќе се игра реваншот во Алборг од 16 часот.
За крај на квалификациите за ЕП, ќе се игра двобојот со Швајцарија на 2 мај од 16 часот во Скопје, по кој се надеваме ќе го прославиме пласманот на континенталниот собир.