Пикерот на репрезентацијата на Конго, Готје Мвумби, е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Тој веднаш го привлече вниманието со својот изглед и со настапот на вчерашниот дуел против Аргентина на СП.
Тој одигра одлично, иако Конго загуби од Аргентина и за 11 минути постигна четири погодоци.
Но на официјалниот интернет сајт на Мундијалот е објавено дека Мвумби е висоок 176 сантиметри, а тежок само 89 килограми, што не е баш за верување.
Тој настапува за францускиот четвртолигаш Друкс, а таму тврдат дека има 110 килограми, што исто така не е за верување, бидејќи Мвумби наликува на некогашниот вардаров голман Страхиња Милиќ, кој своевремено имаше многу дури 216 килограми.