Како во затвор: Ги држат заклучени во хотел, 48 часа без оброк, а денеска играат натпревар (ВИДЕО)

Машката сениорска репрезентација на БиХ денеска гостува во Естонија во натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, а ракометарите на оваа селекција се жалат на тортура пред денешното одигрување на средбата.

Од информациите кои пристигнуваат од медиумите во БиХ ситуацијата не е нималку едноставна.

„Затворени се по ќелии 48 часа. Немаат право да излезат на тераса, а без оброк се два дена. Можеби од дедото сочувале некаде и гасни комори, па и во нив да не става. Од 2 до 5 јануари нашите ракометари трипати се тестирани за Ковид 19 и сите тестови беа негативни. Тоа за господата од ЕХФ и Естонија изгледа не е доволно“, вели членот на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на БиХ, Војислав Раџа.

Покрај честитките кои ги упати за православниот Бадник и Божиќ тој и неколку мотивациски реченици до ракометарите.

„Момци издржете го и ова и играјте како и досега. Играјте за себе и за сите сите оние кои ве сакаат и ве поддржуваат. Покажете им на сите и во Естонија кои сте и што сте“, коментираше Раџа.

Каква била ситуацијата во која ракометарите на БиХ се потврдуваат и видеата објавени од страна на sport1.oslobodjenje.ba.

Ракометарите имале и долг пат додека стигнат на Југоисток на Естонија. Тргнале од Сараево преку Франкфурт до Талин, а потоа ги чекале уште неколку часа до Полва каде што се игра денешниот натпревар, кој почнува од 18:30 часот.

Естонија во октомври одигра два натпревари и на двата претрпе порази од Германија и од Австрија, додека БиХ играше само против Германија и тоа на гости. Имаше одлична средба, но загуби со 21:25.