Иако без дузина ракометари кои сигурно би биле во првата постава (Пекелер, Виде, Винцек, Вајнхолд…), Германија славеше убедливо на гостински терен во Грац против Австрија со 27-36 во натпревар од квалификациите за ЕП 2022 година.
Домашните без Никола Билик и Јанко Божовиќ се за една класа послаби, па бундес тимот уште по првиот дел ја обезбеди победата, откако водеше со 16-22.
Во вториот дел избраниците на Алеш Пајовиќ заиграа подобро, но тоа не беше доволно да се заканат и да направат камбек во натпреварот.
Најдобри стрелци во австриската селекција беа Живковиќ и Фримел со по седум голови, додека кај Германија (во ростерот не беше вардарецот Дисингер) се истакнаа Шилер со 11 погодоци и Гола со четири.
Реваншот меѓу овие две селекции ќе се игра на 9 јануари во Диселдорф.