Во Црна Гора и во Србија избрани најдобрите за 2020 година

Поранешната  ракометарка на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, е прогласена за најдобра ракометарка на Црна Гора за 2020 година.

Наградата која ја доби Радичевиќ, нѐ е изненадување со оглед на фактот дека на последното Европско првенство во Данска беше избрана за најдобро десно крило. Покрај тоа имаше одлична полусезона во дресот на Будуќност во Лигата на шампионите.

Во машка конкуренција наградата за најдобар ракометар на Црна Гора му припадна на ракометарот на Ловќен од Цетиње, Слободан Булаиќ.

Најдобрите беа прогласени и во Србија. За ракометар на годината наградата му припадна на членот на Веспрем, Петар Ненадиќ. Во женска конкуренција за најдобра  ракометарка беше избрана, Слаѓана Поп Лазиќ, која во последните две години покажа одлични настапи на репрезентативно и клупско ниво.