Цвијиќ: Србија требаше да се повлече од ЕП, но ние сме навикнати да не газат!

Женската репрезентација на Србија по првата фаза од Европското првенство се врати дома и го заврши настапот на континенталниот собир на 13 место.

Доцното заминување за Колдинг, позитивните случаи, тридневниот карантин во Данска, повредата на Андреа Лекиќ…многу фактори влијаеја Србинките да не се покажат во вистинско светло, ама сепак забележаа една победа над светскиот првак Холандија.

Пикерот Драгана Цвијиќ вели дека целокупниот резултат на ЕП не треба да оди на душа само на ракометарките и на стручниот штаб. Таа алудира на односнот на организаторот кон Србија, не недоволната посветеност на Ракометниот Сојуз на Србија…

„Зборував со девојките, јас да одлучував и да се прашував, би ја повлекла репрезентацијата од ЕП, но ние сме навикнале да не газат. Ние така сме се поставиле, во таква позиција да не одлучуваме за ништо. Сите само чекаат да ја газат Србија, а ние тоа го дозволуваме. Жал ми е за ракометарките, но тие се единственото нешто што вреди од Ракометниот Сојуз. Ние се бориме против многу повеќе работи отколку тоа што се гледа на ТВ, не само на натпреварите, туку и надвор од теренот. Да ја испратиш репрезентацијата на еден ден пред првенстовто, па тоа не би го направил ниту најголемиот непријател. Да бев таму, ќе полудев. Целиот процес е лошо направен, би требало три четири дена порано да се замине во Данска, да се направи тестирање, па и тој карантин, а се што се случи на крајот е срамота. За ние да бидеме вистинските, мора се да биде како што треба и надвор од теренот“, вели Цвијиќ за српскиот Спутник.