Франција имаше плус шест, но до крај се „тресеше“ за победата

Репрезентацијата на Франција дојде до победа од 26:25 против Шпанија во првото коло од втората рунда на Европското првенство и продолжи на максимум.

Франузинките имаа добра игра и контрола во поголемиот дел од средбата, но мораа доста да се потат и да се „тресат“ во завршницата бидејќи Шпанките имаа добра завршница.

Првото полувреме мина во целосна доминација на триколорките. Постојано беа во водство, а тоа водство на крајот од првите 30 минути изнесуваше 16:10.

Овие шест гола беа доволни за да може вториот дел да стартува сигурно и да се биде во убаво водство и во продолжение. Разликата се движеше околу шест гола, но некаде на средината на вториот дел работите почнаа да се менуваат.

Малку поконцентрирана игра од ракометарките од Шпанија придонесе селекцијата на Франција да почне да ја губи предноста. Тоа влијаеше на резултатот, па Шпанките се доближија до еден погодок. Иако Франција успеваше да поведува одново со два гола, сепак, во последниот напад Французинките мораше да се спасуваат.

На дваесетина секунди до крајот Шпанките намалија на 25:26, а потоа Франција мораше да оди во последен напад. „Фуријата“ тргна во пресинг, но не успеа да ја одземе топката, па бодовите останаа за Франција.

Две поранешни вардарки беа најефикасни во редовите на Франција. Александра Лакрабер имаше пет гола, додека Дембеле заврши со четири исто колку што имаше и Зади Деуна. Во редовите на Шпанија, Кармен Мартин со девет гола беше убедливо пред другите, но тоа не беше доволно за добар резултат.