Русија ја преживеа драмата со Црна Гора и ита кон полуфинале!

Женската репрезентација на Русија ја забележа четвртата победа на Европското првенство откако славеше над Црна Гора со 23-24 во драматичен наптревар. Иако водеа со плус четири во финишот, Русинките на крајот мораа да стравуваат за победата.

Црногорките отворија со водство од 4-1 со головите на одличната Радичевиќ, а потоа по десетина минути беше 5-2. Избраничките на Ким Расмусен тука застанаа, почнаа да грешат во нападот, противничката голманка Калинина одбрани неколку удари по ред и Русија направи комплетен пресврт.

По дваесетина минути веќе беше 5-8, пред нивната серија да ја прекине Мехмедовиќ. Русинките избрзаа во неколку напади, Батиновиќ ја запре Фомина, па Црна Гора се врати во егал, 8-8. До крајот на полувреме се играше најчесто гол за гол, а на пауза се замина со 13-13.

Тоа беше најава за интересен и возбудлив втор дел. Одличната Деспотовиќ и Мехмедовиќ донесоа плус два Црна Гора, 19-17, кога имаше да се игра уште петнаесетина минути.

Но Радичевиќ потоа промаши пенал, промаши уште еден удар од крило, а Русинките набрзина се вратија и преку Ведјохина поведоа со 19-20. Ујкиќ израмни на 20-20 и со реми се влезе во последните десетина минути од наптреварот.

Деспотовиќ и Грбиќ направија грешки во нападот, а Фомина и Самохина казнија во нападот, па Русија се одлепи на плус четири 20-24. Расмусен побара тајм-аут, и неговите избранички се вратија на гол негатива во последната минута. Русинките направија техничка грешка и имаше цела минута за Црна Гора за напад, но се сплеткаа и победата остана за Русија.

Најдобри стрелци во руската селекција беа Фомина, Ведјохина и Самохина со по четири погодоци, додека кај Црна Гроа најдобра беше Деспотовиќ со седум гола, а Јауковиќ даде пет.