Дисциплинската комисија на ЕХФ изрече казна од 10.000 евра за екипата на „Корона“ од Романија. Причината за ваквата одлука е во кршењето на антидопинг правилата.
Клубот има седум дена за жалба на оваа одлука, но тешко дека ќе дојде до промена на веќе донесеното.
Како основа за оваа одлука е наведен заклучокот од антидопинг лабораторијата од Романија. Повеќето од ракомеарките меѓу кои и Наташа Нолевска беа суспендирани по неколку месеци и не беа во можност да настапуваат.
Затоа сеа дојде и оваа казна од ЕХФ, па случајот „Корона и допингот“ продолжува и понатаму.