Следниот ривал на Металург во Лигата на Европа, рускиот првак Чеховски Медведи е во карантин до 2 декември поради позитивни случаи на коронавирус.
Затоа нема да се игра натпреварот од 5. коло што беше закажан во Скопје на 1 декември во вторник.
Следниот меч на тимот од Автокоманда од 6. коло против истиот ривал ќе се игра во Чехов на 8 декември, а за избегнување на дополнителни поместувања во распоредот и евентуални нови одложувања, клубовите со посредство на ЕХФ се договрија и одложениот натпревар од Скопје да се игра во Чехов.
Првиот меѓусебен дуел на кој Чеховски Медведи се домаќини ќе игра на 8 декември од 18:45 часот во салата „Олимписки“, додека вториот натпревар ќе се игра на 11 декември во истиот термин на истото место.