Победата во Битола го постави Чаир за привремен лидер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Чаир се врати со три бода од гостувањето во Битола и уште еднаш потврди дека е во трка за висок пласман и сезонава. Победата од 41:36 беше доказ за она што беше направено на теренот.

Пелистер успеа да постигне многу голови, но не можеше и да направи нешто повеќе така што на крајот остана со нов пораз.

Многуте голови кои беа постигнати на овој дуел ги имаше и на едната и на другата страна.

Анастасија Николовска беше прв стрелец со 13 гола, додека во Пелистер Драгана Милосављевиќ и Анастасија Белевска беа убедливо најпрецизни. И двете погодија по 11 пати во мрежата на гостинките.

Ова беше десетта победа за Чаир во 12 натпревари одиграни досега. Чаир има две средби повеќе од Куманово и во моментов е лидер на табелата. Пелистер, пак, има одиграно само седум средби, а на нив уште нема ниту една победа.

Пелистер – Чаир

Екипата на Чаир се врати со три бода од гостувањето во Битола и уште еднаш потврди дека е во трка за висок пласман и сезонава. Победата од 41:36 беше доказ за она што беше направено на теренот. Анастасија Николовска беше прв стрелец со 13 гола, додека во Пелистер Драгана Милосављевиќ и Анастасија Белевска беа убедливо најпрецизни. И двете погодија по 11 пати во мрежата на гостинките.
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207