Турци за Металург, Швеѓани за дуелот меѓу „фармацевти“ и „лавови“

Европската ракометна федерација ги одреди арбитрите за четвртото коло од второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа.

По поразот од Адемар Леон, тимот на Металург на домашен терен ќе се соочи со австрискиот Фајверс.

Овој дуел ќе се игра на 24 ноември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:45 часот, а судии ќе бидат Турците Курсад Ездоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат ќе биде Камер Металари.

По ремито со Кадетен Шафхаузен, Еурофарм Пелистер оди на тешко гостување во Манхајм кај Рајн Некар Левен.

Овој дуел ќе се игра на 24 ноември во „САП Арена“ со почеток од 20:45 часот, а судии ќе бидат Швеѓаните Aндреј и Сандро Смаилагиќ, додека делегат ќе биде Ерман Вулф од Германија.