Ракометарите на Металург вечерва ќе го одиграат вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа. Ривал на тимот од Автокоманда ќе биде шпанскиот Адемар Леон, а металурзи до крајната дестинација патуваа повеќе од 40 часа со автобус.
Синоќа доцна пристигнаа во Леон, а утринава одржаа само полесен тренинг колку да го почувствуваат теренот во „Палатата на спортовите“. Во ростерот на тренерот Оливер Димитриоски ќе недостигаат крилата Дарко Кондев и Мице Шилегов, а на нивно место ќе играат Дарио Кофилоски и Александар Петковски.
Стратегот на шпанскиот тим нема да смета на двете леви крила Хаиме Фернандез и Хозе Марија Кариљо, па единствен на таа позиција ќе игра Адриан Каскеро. Натпреварот меѓу Адемар Леон и Металург ќе се одигра вечерва со почеток во 20:45 часот, а ќе го судат португалските арбитри Даниел Фреитас и Цезар Кариљо.
Можете да го гледате на некои од следните линкови…
ЛИНК 3 (Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за пренесување на натпреварите)