Европската ракометна федерација размислува што ќе направи со Европското првенство кое во декември треба да се одржи во Данска и во Норвешка.
Поради новите протоколи кои важат за Норвешка ситуацијата е незгодна односно постои можност при еден позитивен случај цела репрезентација да ги загуби службено сите натпревари.
Премиерот на оваа земја, Ерна Солберг во својата пследна изјава вели дека во сегашните околности многу тешко ќе можат да одговорат на потребите за организација на првенството кое е закажано од 3 до 20 декември.
И Европската ракометна федерција, но и Ракометните федерации на Норвешка и на Данска се обидуваат да одговорат на актуелните случувања односно да се обидат да го организираат првенството во предвидениот рок. Посветени се на организација, но според она што се случува во моментов кочнечната одлука ќе биде позната дури во вторник наутро кога ќе биде и издадено соопштение дали ќе има или ќе нема Европско првенство.