Македонија првиот дел од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2022 го затвора со две победи.
По Финска во Скопје, вечерва “падна” и Швајцарија во Шафхаузен. Нашите репрезентативци победија со 25-23, а голманот Никола Митревски имаше одлично настап во првиот дел.
“Многу важна победа за да се доближиме до пласман на ЕП. Одигравме тежок натпревар со Швајцарија, тврд, со многу борба. Натпревар од кој играта се заборава, а се памети резултатот. Севкупно направивме одличен резултат, два натпревари, две победи. Сите одиграа своја улога и имаа придонес во таквиот исход”, потенцира за 24ракомет голманот на репрезентацијата, Никола Митревски.
Следен предизвик за машката репрезентација ќе бидат двобои со светскиот шампион Данска.