Денеска на терените: Еурофарм Пелистер конечно на официјален натпревар

После неколку месеци пауза во играњето на официјални натпревари екипата на Еурофарм Пелистер денеска го има првиот официјален натпревар.

Ракометарите на тимот од Битола гостуваат кај составот на Гог во Данска и ова ќе биде можност конечно на дело да бидат видени ракометарите со кои располага составот на Еурофарм Пелистер.

Гог знае да биде незгоден ривал, но факт е и дека Еурофарм Пелистер има свои шанси и ќе може да се покаже во добро издание односно да оди на бодови на овој натпревар.

Откако во минатото коло средбата против Татабања беше одложена ова е шанса конечно да се игра и да се покаже најдоброто на теренот. Дефинитивно има што да се види односно може да се очекуваат ракометарите да се вратат со бодови за Битола.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

14:00ч

АЛИСА УФА – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија Супер лига, жени)

15:00ч

ЧЕЛЈАБИНСК – КАУСТИК (Русија Супер лига)

16:00ч

БЕНФИКА – МАДЕИРА (Португалија 1)

17:00ч

ЛУЧ – ЛАДА ТОЉАТИ (Русија Супер лига, жени)

18:30ч

КОПЕНХАГЕН – РАНДЕРС (Сантандер куп, жени)

18:45ч

АДЕМАР – ТУЛУЗ (Лига на Европа)

ГОГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Лига на Европа)

ПОНТО – АНЖЕР (Франција Пролига)

20:30ч

СИЛКЕБОРГ – НФХ НИК (Сантандер куп, жени)

20:45ч

АОН ФИВЕРС – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (Лига на Европа)

КРИСТИЈАНШТАД – ДИНАМО БУКУРЕШТ (Лига на Европа)