Денеска се играат претпоследните турнири во двете групи во Првата лига, по што ситуацијата околу пласманот во плеј-оф ќе биде многу појасна.
Од групата А, сигурни патници во разигрување за баражот за Суперлига се Аеродром и Драчево, Јехона и Шампион се исто така блиску, но свои шанси имаат Преспа и Борец.
Од групата Б, сигурни учесници во плеј-оф се Металург РА, Скопје и Куманово, додека за последното место ќе се борат Текстилец, Вардар Неготино и Делчево.
Поради позитивните случаи во тимот од Неготино, нивните два натпревари што требаше да се играат денеска и утре, се одложени.
Натпреварите од турнирот во групата А ќе се играат во салата Автокоманда во Скопје, додека оние од турнирот во групата Б ќе се играат во салата „26 април“ во Гевгелија.
Група А
11:00 часот, Аеродром – Риниа
13:00 часот, Кичево – Драчево
15:00 часот, Борец – Преспа
17:00 часот, Шампион – Јехона
Група Б
12:15 часот, Македонија ЃП – Куманово
14:30 часот, Текстилец – Делчево
16:45 часот, Металург РА – Скопје
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија, одложено