Европската ракометна федерација и официјално го одложи натпреварот од второто коло во Лигата на Европа меѓу Металург и Висла Плоцк.
Во Металург има и трет позитивен случај на Ковид-19, па тимот од Автокоманда ќе биде во изолација следните две недели.
По Мартин Серафимов и еден член на стручниот штаб, во текот на вчерашниот ден беше потврден и позитивен тест на уште еден од ракометарите кој што беше во ростер на последниот дуел со Тулуз.
Раководството на тимот не сака ништо да ризикува и сите што беа во Франција ќе бидат во изолација, а за една недела ќе направат тестови.
Вчерашниот дуел што Металург требаше да го одигра против Младост е одложен, а ист ќе биде случајот и со преостанатите средби од Суперлигата против Работнички и Бутел Скопје.
Трет позитивен случај на Ковид-19 во Металург, тимот од Автокоманда оди во карантин!