Трет позитивен случај на Ковид-19 во Металург, тимот од Автокоманда оди во карантин!

По Мартин Серафимов, и уште едно лице од стручниот штаб во тимот на Металург, денеска има уште еден позитивен случај на Ковид-19 во тимот од Автокоманда.

Иако металурзи требаше вечерва да играат против Младост и веќе отпатуваа во Богданци, сепак натпревар нема да има.

Резултатите од тестот стигнале додека Металург бил на пат, но ниту еден од играчите и од стручниот штаб не излегле од автобусот и се вратиле назад во Скопје.

Поради контакт со заразениот ракометар, кој настапи и на натпреварот во Тулуз, целиот тим оди во изолација 14 дена.

Натпреварите од Суперлигата на Металург ќе бидат одложени, а тимот од Автокоманда ќе побара одложување и на дуелот со Висла Плоцк од Лигата на Европа.