Екипата на Работнички доби засилување пред продолжението на сезоната во ракометарот кој се врати од странство. Се работи за Тоше Ончев, играч кој може да покрие и на бековска и на крилна позиција.
Поранешниот играч на Вардар играше за Фаикас Корфу од Грција, но поради лошите резултати и пред сè лошата финансиска состојба во клубот си заминаа и тренерот и интернационалците.
Велешанецот веќе потпиша за тимот на Работнички и повторно ќе соработува со Стојан Петрушевски, под чие водство веќе има играно додека беше дел од тимот на Вардар Јуниор.
Пред да игра за Фаикас Корфу, Ончев, настапуваше и за Вернуј и Вернон од Франција.
Тимот на Работнички во досега одиграните три средби забележа три порази, а му следуваат натпревари против Металург, Младост Богданци и Тиквеш.