Тимот на Веспрем по триумфот на Целје во Лигата на шампионите, забележа победа и во унгарскиот шампионат.
Избраниците на Давид Дејвис славеа на гостувањето кај Ѓенѓеш со десет голови разлика, 25-35.
Најдобар стрелец на натпреварот и во тимот на Веспрем беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со 12 голови од 12 обиди.
Веспрем е на максимум во унгарскиот шампионат и има осум победи во осум натпревари.