Новиот прволигаш Скопје ја продолжува победничката низа во Првата лига, откако славеше во дербито над Вардар Неготино со 32-38.
Во неизвесното прво полувреме најчесто се играше гол за гол и ниту една екипа не успеваше да се одлепи, па на пауза се замина со 17-17.
Во вториот дел, клучна беше серијата на избаниците на Андријана Будимир од седум погодоци. По 20-20, Скопје поведе со 20-27, па неготинци тешко можеа да се надеваат на камбек.
Скопјани рутински ја одржаа предноста во финишот за конечни 32-38. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Марио Мишевски со 12 голови, а 10 постигна Бојан Чакалиќ.
Во тимот на Вардар Неготино се истакнаa искусните Грозданов со десет и Вељанов со шест погодоци. На натпреварот беа покажани 14 исклучувања и еден црвен картон.