Во првенството на Романија беше одигран чуден натпревар за кој веќе се зборува дека постои можност да има нечесни игри односно истиот да е наместен.
Се работи за дуелот од 8. коло меѓу Констанца и Темишвар кој завршил со резултат 23:25.
И тука и не би имало нешто многу сомнително иако фаворитот Констанца има претрпено пораз доколку во последните 12 минути од натпреварот ракометарите на Констанца заборавиле како се постигнуваат голови.
Имено, при резултат 23:17 во 48. минута, играчите на Констанца како да застанаа и повеќе не постигнаа голови. Место победа загубија откако противникот направи 8:0.
„Оние што го гледаа натпреварот на ТВ можат да поверуваат во што сакаат. Ние сме шокирани. Сепак, можам да кажам дека никој од нашите играчи нема наклонетост кон тоа да се обложува. Ние немаме проблем со ова и немаме такви навики. После натпреварот, никој не можеше ниту да зборува за играта. Сè уште сме шокирани“, вели претседателот на Констанца, Јонут Станеску.