Металург РА и Скопје го имаат главниот збор

После три кола две екипи се издвоија во Групата Б од Првата машка лига така што веќе е сосема извесно каде ќе се бара победникот во регуларниот дел од ова натпреварување.

Составите на Металург РА и Скопје 2020 досега одиграа најдобро така што тие покажуваат најмногу засега и нивниот меѓусебен дуел би можел да одлучи кој ќе биде прв.

Фаворитот за плеј-оф Вардар Неготино покажа слабост и дефинитивно ќе треба да се внимава против овој состав до крај бидејќи веќе нема право на кикс.

Тука е и Куманово, тим кој после поразот на стартот од Скопје 2020 влегува во подобра форма и дефинитивно лигата добива на занимливост и тука ќе има исто така возбудувања така што натпреварувањето ќе биде интересно во следните два викенди.

 

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТЕКСТИЛЕЦ                21:19 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ РА – ВАРДАР НЕГОТИНО      35:21 (ИЗВЕШТАЈ)

СКОПЈЕ 2020 – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР            43:30 (ИЗВЕШТАЈ)

МРК КУМАНОВО – ПАРТИЗАН 2016        30:18 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА: 1. Металург РА 9 бода (+38); 2. Скопје 9 (+34); 3. Куманово 6 (+14); 4. Вардар Неготино 6 (-4)…