Металург Ра доминантен во дербито против Вардар Неготино

Дерби дуелот од третото коло во групата Б од Првата машка лига се играше помеѓу екипите на Металург РА и Вардар Неготино. Поуспешен беше составот на Металург РА со 35:21 и го задржа максималниот ефект по три кола.

Почетната предност беше на страната на Вардар Неготино, поведоа 4:2 и 6:3, а потоа и 8:4. Избраниците на Игор Котевски успеаја да се вратат во натпреварот и стигнаа до израмнување од 10:10. Во финишот на првиот дел се играше израмнето и така се замина на одмор без предност на ниту еден тим со резултат 15:15.

Второто полувреме во целост им припадна на ракометарите на Металург РА кои имаа фантастичен почеток на продолжението со серија од 5:0 за водство од 20:15. Вардар Неготино имаше многу проблеми во нападите и тешко постигнуваше голови.

Тимот од Автокоманда одигра одлична одбрана во вториот дел и на противникот му дозволи да постигне само шест гола. Разликата постојано растеше, многу брзо беше двоцифрена а на крајот достигна високи 14 гола за убедлива победа и продолжување на серијата победи.

Најефикасен во тимот на Металурт Ра беше Филип Фидановски со 12 погодоци, а по седум постигнаа Николов и Андревски. За екипата на Вардар Неготино по четири гола постигнаа Ристов и Пеовски.

МЕТАЛУРГ РА – ВАРДАР НЕГОТИНО 35:21 (15:15)

Сала: „М. М. Брицо“ во Делчево. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

МЕТАЛУРГ РА: Димевски 1, Фидановски 12, Стојанов, Тричковски, Христоски 2, Брестовац, Трајкоски, Мелоски 2, Николов 7, Андревски 7, Ристовски 1, Прцуловски, Ацевски, Петровски 3.

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 4 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ристов 4, Бојан Трпески, Борче Трпески, Ивановски, Ташев 1, Стојанов 3, Грозданов 3, Пеовски 4, Митевски 3, Најдов 1, Минов, Ѓорѓев, Орешков 2, Недевски, Димовски, Јефремов.

Седмерци: 2/2. Иклучувања: 6 мин.