Тасевски и Денковски го решија Партизан

Тимот на Куманово, по вчерашниот триумф над Текстилец, го забележа и вториот во серија во Првата лига, овојпат против Партизан Гевгелија со 30-18.

По израмнетиот старт, 4-3, кумановци постигнаа пет погодоци во серија и беше 9-3, а оттогаш до крајот немаа проблеми да ја задржат високата позитива.

На пауза се замина со водство за Куманово со 17-9, а во второто полувреме гевгеличани, кои настапија со скратен ростер немаа сили да се изборат за помал пораз.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Влатко Тасевски со девет и Новица Денковски со осум погодоци, додека кај Партизан Гевгелија се истакна Тодор Узунчев со 11 погодоци.