Екипата на Горење Велење после десет дена карантин се врати на тренинзите, но проблемите со коронавирусот продолжуваат.
На првиот тренинг се појавија девет ракометари, тројца сè уште се во карантин, а тројца нови се пожалија дека имаат температура.
Горење во неделава треба да одигра натпревар со Тримо Требње но овој дуел сега е прашање дали ќе се одигра. Минатиот викенд беа одложени четири натпревари од првенството на Словенија заради Ковид-19 што е повеќе од половина.
Тројцата ракометари се тестирани и се очекуваат резултати, по што ќе биде јасно дали ракометарите на Велење од еден карантин ќе продолжат уште десет дена во нова изолација.
„Ние сме првата екипа од словенечките лиги која се соочува со ваква ситуација. Ние ги следевме целосно препораките на здравствените власти. Прво и најважно е заразените ракометари да се опорават што побрзо. Ниту еден од нив нема посериозни компликации, сепак имаат симптоми. Ракометарите кои се вратија на тренинзи се здрави, се надеваме дека ќе бидеме комплетни што побрзо“, изјави директорот на клубот, Јанез Гамс за порталот „Рокомет“.
Освен заразените со коронавирус екипата на Велење има проблеми и со повреди. Хасељиќ е повреден, а исто така и Вердинек кој се повреди цепејќи дрва.