Цепел дрва, останал без половина прст!

Екипата на Горење се наоѓа во големи проблеми. Откако мораше да поминат десетина дена во карантин поради позитивни случаи на коронавирус, сега тренерот Зоран Јовичиќ има уште една причина за главоболка.

Најдобриот стрелец на „осите“, Матиц Вердинек, го чека подолга пауза. Додека цепел дрва, тој останал без половина од палецот на шутерската рака, пишува словенечкиот портал „Рокомет“.

Лекарите веднаш се потрудиле да го сошијат делот, но се појавиле компликации и Вердинек ќе мора на операција.

Сепак во клубот се оптимисти и се надеваат дека ќе го имаат на располагање кон средината на ноември за настапите во Купот на ЕХФ.