Рајн Некар доаѓа во Битола, Металург против Адемар Леон и Висла Плоцк!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Металург ги добија ривалите во групната фаза од Лигата на Европа.

Тимот од Автокоманда, кој мораше да помине две квалификациски кола за да стигне до оваа фаза, ќе биде дел од групата А и ќе игра против шпанскиот Адемар Леон, полската Висла Плоцк, рускиот Чеховски Медведи, францускиот Тулуз и австрискиот Фиверс.

Битолски Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Д, заедно со унгарската Татабања, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, германскиот Рајн Некар Левен, данскиот ГОГ Гудме и словенечкиот Тримо.

Натпреварите од групната фаза започнуваат на 20 октомври, а до крајот на оваа година ќе бидат одиграни шест кола, додека преостанатите четири натпревари ќе се играа во февруари и март 2021 година.

Лига на Европа 2020/21, групна фаза:

Група А: Адемар Леон, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Тулуз, Фиверс, Металург
Група Б: Ним, Динамо Букурешт, Татран, Фуксе Берлин, Спортинг, Кристијанштад
Група Ц: Магдебург, Алингсас, Бешикташ, Монпелје, Нексе, ЦСКА Москва
Група Д: Татабања, Кадетен, Еурофарм Пелистер, Рајн Некар, ГОГ Гудме, Тримо