Екипите на Еурофарм Пелистер и Металург ќе почекаат за да ги дознаат имиња на ривалите во групната фаза од Лигата на Европа. Причината одново е вирусот Ковид 19 поточно симптомите кои се појавиле кај дел од лицата кои работат во техничката служба која е одговорна за доставување на материјалите за ждрепка.
За да нема несакани последици односно ширење на вирусот и во куќата на европскиот ракомет одлучено е да се почека лицата да направат тестови и да се почека еден ден.
Оттаму место денеска, ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа ќе биде направена во текот на утрешниот ден.
Терминот за ждрепката останува ист и таа ќе почне во 11 часот. Веќе е познато дека Еурофарм Пелистер се наоѓа во 3. шешир, а Металург во 6. шешир. Во групната фаза ќе играат вкупно 24 екипи.
ШЕШИРИ ПРЕД ЖДРЕПКА
ШЕШИР 1: Адемар Леон, Ним, Магдебуург, Татабања
ШЕШИР 2: Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Алингсас
ШЕШИР 3: Еурофарм Пелистер, Чеховски Медведи, Татран Прешов, Бешикташ
ШЕШИР 4: Тулуз, Рајн Некар Левен, Фуксе Берлин, Монпелје
ШЕШИР 5: АОН Фиверс, Нексе Нашице, ГОГ Гудме, Спортинг Лисабон
ШЕШИР 6: Металург, Тримо Требње, Кристијанштад, ЦСКА Москва