Со победата од 32:24 на дуелот против Бјеринбро на домашен терен екипата на ЦСКА Москва дојде до вкупен триумф и до пласман во групата фаза од Лига Европа.
На тимот од Русија му беше потребна победа од четири гола после 26:23 за Бјерингбро Силкеборг на првиот натпревар. Тоа беше одработено без проблем така што нема никаков проблем околу патникот во следната рунда.
После неизвесното полувреме во кое гостите водеа со 14:13 во вториот дел ЦСКА заигра далеку поофанзивно и успеа да дојде до 19 погодоци. Оваа реализација и зачувувањето на својот гол придонесоа за голема разлика на крајот од средбата за триумф кој овозможува ЦСКА Москва да игра во групната фаза.
Поранешниот играч на Металург и Вардар, Павел Атман постигна два гола, додека Игор Сорока со осум гола беше најефикасниот во победата.
Овој натпревар воедно стави крај на квалификациите и веќе се познати сите екипи кои ќе играат во групната фаза од Лига Европа каде се и две екипи од Македонија. Во групната фаза ќе играат и Еурофарм Пелистер и Металург.