Металург обезбеди место во групната фаза во Лигата на Европа по поразот со победнички вкус во Цирих од швајцарскиот Криенс со 22-21.
На крајот се покажа решавачка победата во Скопје против незгодниот ривал со два гола разлика, 26-24.
Една од клучните фигури во Металург беше капитенот Даниел Дупјачанец, кој собра 13 интервенции на дуелот во Цирих.
„Честитки за сите мои соиграчи, стручниот штаб и за целиот колектив на Металург. Ова се емотивни моменти по еден ваков трилер натпревар и нема што многу да се зборува“, вели Дупјачанец за 24Ракомет.
Металург и вториот македонски претставник Еурофарм Пелистер утре во Виена ќе ги дознаат ривалите за групната фаза од Лигата на Европа.