Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ одлучи и на реваншот против Криенс да игра со истите ракометари со кои беше и на првата средба во Скопје. Тој ќе има на располагање 16 играчи така што со проверени сили ќе влезе во битка за пласман во групната фаза.
За разлика од Кастратовиќ, Перковац има 15 играчи во ростерот за овој дуел и не може да смета на комплетен состав, но главните ракометари ќе бидат на терен.
Средбата меѓу Криенс и Металург почнува од 18:45 часот и на неа металурзите ќе треба да одбранат предност од два гола.
Како што е познато на првиот натпревар Металург победи со 26:24, па ќе биде тешко на реваншот да се одбрани оваа разлика.
Сепак, оптимизмот не ги напушта ракометарите на Металург што е добро и може да се очекува на овој дуел да влезат многу посилно отколку на првиот меч и да одат на нова победа за да можат и да се изборат за место меѓу најдобрите тимови кои годинава ќе играат во групната фаза од Лигата на Европа.
Составите и официјалните лица можете да ги видите на фотографијата во продолжение.