Ракометарите на Металург утре ги очекува реванш натпреварот против швајцарскиот противник Криенс Луцерн од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Тренерот Зоран Кастратовиќ го има на располагање најдобриот состав и нема проблеми со повреди, додека и ривалот исто така би требало да смета на истите од првата средба, иако на последниот довобј од првенството беше поштеден Лапајне.
Металурзи веќе тренираа во салата во Цирих каде што ќе се игра натпреварот на кој ќе бранат два гола предност.
На првата средба во Скопје, македонскиот претставник триумфираше со 26-24. Ова е последниот филтер пред групната фаза, каде што веќе е пласиран Еурофарм Пелистер.