Вардар ги дозна арбитрите за мечот со ПИК Сегед – чешка „свирка“ во Унгарија

Ракометарите на Вардар по одложувањето на натпреварот со норвешкиот првак Елверум, ги чека тешкото гостување кај составот на ПИК Сегед.

ЕХФ ги одреди арбитрите за овој дуел што ќе се одигра на 1 октомври од 18:45 часот. Правдата ќе ја делат Чесите Хорачек и Новотни, додека делегат е Конечни, исто така од Чешка.

Унгарскиот вицепрвак имаше големи проблеми, со повреди и со заразени ракометари од коронавирус, па нејасно е со каков состав ќе играат против Вардар.

Но и со преполовен ростер, беа блиску до позитивен резултат на гостувањето кај полскиот првак Келце, па вардарци ќе имаат тешка задача да се изборат за позитивен резултат.