Во првите натпревари од плеј-офот за групната фаза во Лига на Европа фаворитите ги оправдаа очекувањата, но најголемиот дел натпревари беа многу неизвесни. Екипата која го елиминираше Бутел Скопје во првото квалификациско коло, унгарскиот Ѓенѓеш за противник го има бундеслигашот Фуксе Берлин. По првиот дел гостите успеаја да обезбедат предност од 9:12 пред продолжението. Во вториот дел после голема борба до победа од два гола стигнаа ракометарите на Фуксе Берлин.
Вториот претставник од Бундес лигата, екипата на Рајн Некар имаше добро издание на гостувањето кај Холстебро. Гостите уште по првиот дел направија добра предност која во продолжението само ја зголемија и стигнаа до победа која најверојанто ги носи во групната фаза.
Дуелот помеѓу минатогоднишните учесници во Лигата на шампионите, Скјерн и Монпелје им припадна на домаќините. Данскиот тим имаше добар почеток, поведе со 4:1 и таа предност успешно ја одржа до полувремето кога имаше предност од 14:11. Второто полувреме Монпелје имаше добро отварање и за три минути израмни на 14:14, но Скјерн брзо ја врати предността од првиот дел. До крајот на мечот Скјерн усепа да ја задржи позитивата и да стигне до победата.
Во останатите дуели ГОГ забележа висока победа против Витнтертур и е блиску до пласман во групната фаза, исто така победи остварија Силкеборг, Кристианштад, а Констанца и Спортинг одиграа нерешено.
Лига на Европа, Резултати, 2 квалификациско коло, први натпревари:
Азоти Пулави – Кристијанштад 24:25 (12:11)
Силкеборг – ЦСКА Москва 26:23 (12:12)
Констанца – Спортинг Лисабон 27:27 (14:16)
ГОГ – Винтертур 33:23 (15:12)
Ѓенѓеш – Фуксе Берлин 23:25 (9:12)
Холстебро – Рајн Некар 22:28 (9:13)
Скјерн – Монпелје 31:30 (14:11)
Реванш дуелите по кои ќе бидат познати патниците во групната фаза се играат следниот вторник.