Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 по стартиот пораз од фаворитот Металург во Скопје, ја забележаа првата победа во новата сезона од Суперлигата, откако во Битола славеа над составот на Работнички со 35-23.
Неизвесни во Битола беа само првите десетина минути, кога гостите одржуваа резултатска рамнотежа, до 3-3.
Потоа домаќиноте си го фати редот, водеше со 5-3, па 9-5, и до крајот на првиот дел најмногу по заслуга на левото крило Кузманоски стигна до убедлива предност, 16-12.
На стартот на вториот дел одлично бранеше голманот на битолчани, Филип Ивановски, па откако Еурофарм Пелистер 2 се одлепи на плус осум, 23-15, веќе беше јасно дека бодовите ќе останат дома.
Работнички колку што можеше се спростиставуваше, но расположените домашни ракометари на десетина минути до крајот имаа и највисоки плус 11, 28-17, но во финишот момците на Александар Јовиќ не попуштаа и ги освоија првите бодови со убедливиот триумф, 35-23.