Ракометарите на Вардар го одржаа последниот тренинг пред натпреварите од Ф4 турнирот во СЕХА. Сите играчи кои заминаа за Задар тренираа и се подготвени за она што претстои утре и в недела.
Вардар утревечер игра против составот на ППД Загреб од 20:30 часот во второто полуфинале и тоа ќе биде дуел на две екипи кои имаа сериозни проблеми во последниот период.
Сето ова е најава за интересен натпревар кој ќе го даде вториот финалист.
Вардар и ППД Загреб имаат голем број на натпревари во СЕХА во последните неколку сезони, а денеска имаат одново двобој во полуфинале. Како ќе се одвиваат работите останува да се види на теренот, но јасно е дека и двата тима ќе имаат што да покажат.
Како беше на последниот тренинг можете да видите од дел од фотографиите направени на почетокот.