Дибиров: Стоилов е срцето на овој тим, ќе ни недостига во Задар

Во отсуство на Стојанче Стоилов улогата на капитен на Вардар ќе ја има Тимур Дибиров. Тој ќе биде предводник на теренот на ракометарите, а денеска беше и на прес-конференцијата.

Дибиров потврди дека Стојанче ќе недостига на теренот бидејќи тој е лидерот на овој клуб.

„Стоилов е голем дел од овој тим. Тој е срцето на тимот. Многу ни недостига. Тој ни дава поддршка во секоја ситуација, секогаш кога е потребно. Ќе ни биде тешко, но ќе видиме како ќе функционираме без него на терен. Ослабени сме без Стоилов и тоа е сигурно. Дали можеме без Стоилов, мораме и тоа е сигурно“, изјави Дибиров.

Во однос на она што претстои смета дека е потребно време.

„Победите и поразите се забораваат и секоја сезона се тргнува од почеток. Имаме многу нови ракометари и се трудиме да одиме чекор по чекор напред. Некогаш оди понатаму тој кој одработил подобра работа, подобриот на терен не оди секогаш во следната рунда. Очекувам екипата да го задржи карактерот, но и борбеноста која беше одлика во минатите сезони. Да продолжиме таму каде што застанавме. Ова ќе биде тешка сезона за нас, но ќе има и многу радост и тага. Верувам дека не дојдовме овде како статисти туку како и секогаш да победиме кога е најтешко. не знам како ќе излезе, но ќе оставиме срце на терен“, коментираше Дибиров.

Вардарци денеска ќе го одработат последниот тренинг, а потоа утревечер ги очекува главното кога излагаат на терен од 20:30 часот против Загреб.