Добрата работа и одличните резултати на големите натпреварувања беа причина раководството на Ракометната федерација на Шпанија да не размислува премногу и да им го продолжи договорот на селекторите на сениорските репрезентации и во машка и во женска конкуренција.
Жорди Рибера кој на последните две Европски првенства победуваше со машката селекција продолжува да го води националниот тим. Тој е на клупата од 2016 година и ќе биде најмалку до 2024 година така што добива можност да ја брани круната во 2022 година, но и да нападне со момците и на светската титула и на олимпиското злато.
Неговиот колега од женската репрезентација Карлос Вивер е предводник на сениорскиот состав од 2017 година, а најголемиот успех го имаше минатиот декември кога девојките го освоија сребрениот медал.
Според новиот договор и двајцата остануваат селектори до 2024 година што значи дека ќе имаат можност за две Олимпијади во новиот мандат.