Еурофарм Пелистер 2 со изненадувачки триумф среде Охрид

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај составот на Охрид со 30-25 во пријателски натпревар.

Избраниците на Александар Јовиќ водеа и по првиот дел со убедливи седум голови разлика, 19-12.

Охриѓани одиграа далеку под своите можности и квалитети, а „фармацевтите“ ги искористија своите шанси и се радуваа на победата.

Во вториот дел избраниците на Раде Стојановиќ стигнаа до минус четири, но немаа сили за комплетен камбек во мечот.

Најпрецизни во Еурофарм Пелистер 2 беа Јован Талевски и Дарио Петровски со по седум постигнати голови, а кај охриѓани најефикасен беше Бобан Блажески со 11 голови.