Тимот на Охрид по триумфот над Тиквеш, забележа уште еден во пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
Избраниците на Раде Стојановиќ, славеа убедлива победа над прволигашот Аеродром со 33-20.
Стојановиќ им даде шанса на оние со помала минутажа на досегашните средби, но и со таков ростер немаа проблем уште на полувреме да обезбедат висока позитива, 18-9.
Најпрецизен во составот на Охрид со девет голови беше Наум Костов, осум постигна Мартин Ивановски, а седум даде Михаил Иваноски.
Охрид утре ќе игра пријателски натпревар против Еурофарм Пелистер 2, додека Аеродром задутре ќе се сретне со Прилеп.