Пролет ќе биде последен тест за Металург пред Лигата на Европа

Тимот на Металург в сабота го започнува настапот во Лигата на Европа против хрватската екипа Спачва Винковци.

Избраниците на Зоран Кастратовиќ одиграа четири меча на турнирот во Струга, а потоа тестираа и со европскиот првак Вардар.

В четврток тимот од Автокоманда ќе игра контролен натпревар против суперлигашот Пролет, што ќе биде последна проверка пред саботниот дуел со Спачва.

Натпреварот против Спачва се игра во Автокоманда на 29 август со почеток во 19:00 часот, а реваншот е во Винковци на 5 септември од 19:30 часот.