Радовиш без проблем против Младост Богданци

По триумфот над Тиквеш во Кавадарци, ракометарите на Радовиш славеа уште една победа над нов суперлигаш.

На домашен терен „25 Мај“, избраниците на Љупче Мијалов без поголеми проблеми победија против Младост Богданци со 31-24.

Во првото полувреме гостите одржуваат резултатска рамнотежа, но влегоа во серија грешки и поискусниот тим го казни со лесни голови.

Најдобар стрелец кај Младост беше Лупашко со седум голови.

Радовишани ќе играат уште една средба со Младост и Тиквеш, додека тимот од Богданци ќе се тестираат со Вардар Неготино.