Ракометарите на новиот суперлигаш КЛ7 ги продолжуваат подготовките за предизвиците кои ги очекуваат во дебитантската сезона во најквалитетното ракометно натпреварување.
Првиот дел од подготовките според планот изработен од стручниот штаб предводен од Андон Бошковски, ракометарите го одработија во Скопје на отворено и сала, а вториот дел од неделата го продолжија во Охрид.
До крајот на втората фаза и подготовките во Охрид, КЛ7 ќе има згуснат распоред на тренинзи, но и одлична можност за проверка на формата, одигрувајќи неколку подготвителни натпревари.
Натпреварот против Еурофарм Пелистер 2 ќе се игра во петок, а потоа следат две контролни средби со екипите на Аеродром и Прилеп во недела на 23 август.
Последната фаза од подготовките КЛ7 ќе ја реализира во Скопје каде ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари со екипи од Суперлигата, пред стартот на деби сезоната. Во новата сезона која ќе стартува на 12/13 септември КЛ7 ќе се натпреварува во групата А заедно со Пролет, Охрид, Радовиш, Струга, Астраион и Јуниор Кисела Вода.