Новиот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци ја привршува втората фаза од подготовките за новата сезона, во која ќе има камбек во елитното друштво.
Првата фаза беше одработена во Кавадарци, се работеше со поголем интензитет, а тимот беше и на подготовки во Дојран
Во третата фаза ќе бидат бидат одиграни и шест пријателски натпревари со три екипи – Радовиш, Охрид и новиот суперлигаш КЛ7.
Тиквеш – Радовиш, 19 август, среда
Охрид – Тиквеш, 21 август, петок
Радовиш – Тиквеш, 26 август, среда
Тиквеш – КЛ7, 28 август, петок
Тиквеш – Охрид, 2 септември, среда
КЛ7 – Тиквеш, 5 септември, сабота
Новата сезона ќе започне на 12/13 септември, а Тиквеш се најде во групата Б со тимовите на Металург, Бутел Скопје, Прилеп, Работнички, Еурофарм Пелистер 2 и Младост Богданци.