Натпреварите на Струшкиот турнир вообичаено привлекуваат голем интерес кај публиката. Редовно во минатите години особено на дербви дуелите имаше голем број на публика.
Годинава поради коронавирусот публиката не може да се најде на трибините, па таму се исклучиво членовите на стручните штабови на тимовите и играчите од екипите кои не играат во моментов.
Затоа, пак, надвор од теренот има голем број на публика. На тротоарите има многу фанови кои ги следат натпреварите. Тие се во голем број, а како изгледа кога се следат натпреварите на Струшкиот турнир надвор од трибините можете да видите во продолжение.