После 12 години Богданци ќе гледа суперлигашки ракомет, а во новата сезона тимот од овој град ќе се натпреварува и под ново име. Со формирањето на Акционерско друштво клубот се преименуваше од Младост Богданци во Младост 1977 така што со ова име продолжува во Супер лигта.
Со тоа клубот ги презема сите претходни резултати на клубот кој некогаш беше меѓу најдобрите во Македонија и редовно беше во врвот често претставувајќи ја Македонија во европските купови.
Ова е најава за формирање на уште посилен тим така што Богданци после враќањето во елитата сака да се бори и за висок пласман и да го врати ракометот во овој град на нивото на кое беше пред повеќе од една деценија.